Кога станува збор за дизајн на спална соба и тоа на сопствената, не оставајте ја таа работа да ја извршуваат други луѓе наместо вас. Доколку сте ангажирале дизајнер за таа цел, соработувајте со него и изнесете ги вашите идеи, желби и преференции.  Спалната соба е еден од најинтимните делови од вашиот дом и треба да ја отсликува вашата личност, простор во кој вие ќе се чувствувате удобно и пријатно. Доколку дизајнот на спалната е сопствен, ваш, тогаш вкусот, потребата и буџетот се првите нешта кои треба да ги имате на ум.Многу е важно чувството и амбиентот кои сакате да ги рефлектира спалната соба. Исто така и темата на функционалноста и естетиката. Додека поголемиот број се одлучуваат за функционален дизајн, има и такви на кои главната цел им е внесување естетика и гламур во просторот. Најдобриот дизајн секако дека ги вклучува и двете нешта, па имајте го ова во предвид. Најдоброто решение се извлекува кога постои можноста да се започне дизајнирањето на спалната соба од самиот почеток. Со тоа на креативноста ѝ нема крај и можностите се многу побројни.

 

Модерен дизајн кој истовремено е естетски, гламурозен и функционален

Модерен дизајн кој истовремено е естетски, гламурозен и функционален

Со цел да им помогнеме на сите ентузијасти кои сакаат нештата да ги имаат во свои раце, следат неколку совети кои ќе им помогнат во сопствениот дизајн на спалната соба.

СТИЛ

Основата на секој дизајн е одлуката за стилот. Одлучете се дали сакате тој да е современ, минималистички, класичен, арт деко, ретро, индустријален, футуристички или било кој друг стил. Најдобро е кога стилот на спалната соба не отскокнува од тој на останатите соби во домот, но доколку спаната соба е сосема одделена од останатиот простор, зошто да не создадете нешто поинакво, иновативно и лично?

Современ минималистички стил одржан во чист и јасен просторен дизајн

Современ минималистички стил одржан во чист и јасен просторен дизајн

 

Идилично-класчен стил со робустно помпезен дизајн на просторот

Идилично-класчен стил со робустно помпезен дизајн на просторот

БОЈА

Како прво нешто кое се забележува кога се влегува во било кој простор, бојата е еден од најважните фактори кои го создаваат амбиентот на просторот. Најдобро решение е кога се одлучите за палета на тематски бои. Постои голем избор на палети со различни тематски бои. Изборот на палетата треба да е според личниот вкус и најчесто како основна боја се зема омилената боја на сопственикот или бои, нијанси кои ќе го создадат посакуваното чувство во просторот. Врз изборот на бојата, понатаму треба да се базира изборот на сите останати елементи во просторот, мебелот, декорацијата, осветлувањето итн.

Тематска палета со топли бои за сончев и летен амбиентен дизајн

Тематска палета со топли бои за сончев и летен амбиентен дизајн

ОСВЕТЛУВАЊЕ   

Бидејќи осветлувањето може да е природно и вештачко, започнете со разгледување на природното или сончевото осветлување, аголот под кој тоа паѓа и ја осветлува собата и неговата изворна насока од каде потекнува. При тоа имајте ги во предвид сезонските смени, зашто природното осветлување директно зависи од годишната сезона. Потоа планирајте го вештачкото или електричното осветлување. Размислете за отвореноста или пригушеноста на светлото, за неговата сјајност или матираност, за ефектот кој сакате да го постигнете во одредени делови од просторот, акцентирање, истакнување или вдлабочување. Дизајнот на електричното светло, материјалот и боите треба да се во склад и склоп со основниот стил и тематска боја за кои претходно сте се одлучиле.

Клинички дизајн на спална соба, користејќи како природно така и вештачко осветлување во просторијата

Клинички дизајн на спална соба, користејќи како природно така и вештачко осветлување во просторијата

ПОД

Друг важен сегмент при дизајнирање на спалната соба е материјалот и бојата на подот. Различни материјали создаваат различно чувство и ефект на собата. Општо е познато дека дрвото оддава чувство на топлина и природност, гранитот пак создава ладен амбиент. Изборот е голем, од дрвен под, ламинатен, керамичен, гранитен, стаклен и др., но треба да се одржува во спој со целокупниот стил и дизајн на собата. Светло обоените подови ја прават собата поширока, што е ефект кој добро може да се искористи за помали простори, додека темните подови го ограничуваат со чисто и јасно поставени граници. Бојата на подот може да ја следи бојата на мебелот или пак бојата на акцентниот ѕид. Таа треба да зависи од ефектот кој сакате да го постигнете.

Теписиран под во нијанса од палетата на тематски бои, за мек и удобен амбиент

Теписиран под во нијанса од палетата на тематски бои, за мек и удобен амбиент

Под од масивно дрво во полна складност со робустниот модерен мебел

Под од масивно дрво во полна складност со робустниот модерен мебел

АКЦЕНТЕН ЅИД

Кога започнувате од самиот старт со дизајнирање и уредување на спалната соба, размислете за креирање на, ако не повеќе, барем еден акцентен ѕид. Ѕидот треба да одговара со тематската боја на просторијата. За акцентирање на просторот со помош на ѕид, може да употребите боја, тапета или различни други материјали како најразлични паравани, огледала, стакла, гранит, камен, тули… Сепак бојата и тапетата се најефтини и најлесни за отстранување и изменување, тогаш кога повторно ќе посакате да го смените изгледот на спалната соба.

Керамично обложен параван како акцент, во пастелно сината нијанса на дрвениот под

Керамично обложен параван како акцент, во пастелно сината нијанса на дрвениот под

МЕБЕЛ И ДЕКОРАЦИЈА

Изборот на мебелот и декорацијата се основаат на изборот на стилот за кој сте се одлучиле. Материјалот од кој се направени, нивната боја и самиот облик треба да го следат целокупниот внатрешен дизајн. Дизајнирајте со хармонија и просторна уреденост и складност, така нема да згрешите. Ослободете ја креативноста и разгледајте ги сите можности кои ви се нудат, па потоа одлучете се, зашто мебелот е елемент на секој дом, кој ве прати низ секојдневието долго време. Не би сакале да завршите со нефукционален и неадекватен мебел за наредната деценија или две. Имајте ги во предвид светлото, тематската боја, акцентиот ѕидот. Истиот принцип се применува и при поставување на декоративните предмети.

Со мебел и декор во азиски стил до хармоничен и уредно чист дизајн

Со мебел и декор во азиски стил до хармоничен и уредно чист дизајн

АКТИВНОСТИ

Размислете за личните активности во спалната соба и вашите барања од неа. Дали имате потреба таа да е реласирачка и смирувачка, возбудлива и интригантна, темна или светла, монотона или забавна, што секако дека треба да е индивидуален избор на секој сопственик.

За љубителите на книгата, вграден поличен систем во спалната соба

За љубителите на книгата, вграден поличен систем во спалната соба

ВОЗДУШНО СТРУЕЊЕ

Од големината, системот и поставеноста на прозорците и вратите во собата, висината на таванот, зависи насоката на воздушното струење. Во основа никој не сака собата да му е ветровита, но истовремено секој сака во неа да пушти свеж и разладувачки воздух. Избегнувајте директна поставеност на креветот во потајниот провев, ако постои или во директниот провев, кога се отворени прзорците и вратите.

ЕЛЕКТРИЧНИ УРЕДИ

Поставувањето на електричните уреди директно зависи од активностите во спалната соба и вашите рутини. Доколку престојот во неа ви е пропратен со гледање тв или слушање на музика, поставете апарати за таа намена, но имајте ги на ум нештата кои се од голема важност, сигурноста, практичноста и декоративноста.