Можноста за идеален избор на живеалиште според сопствените желби, не е секогаш реализирачка. Исто така и можноста за живеење во сопствени четири ѕида. Условите во текот на животот се менуваат, а со секоја временска доба и местото на живеење. Дали е тоа самостојно живеење или делење на животната средина, дали е тоа во куќа, стан, зграда, апартман, секој сака во неа да се чувствува како дома. Сите оние кои немаат друга опција освен да живеат како потстанари, сами или со состанари, а при тоа сакаат да го поседуваат домашното чувство, во наредното излагање ќе пронајдат неколку помошни точки, кои треба да се земат во предвид за реализирање на таа цел.

Удобност, топлост и хармоничност во воздухот за домашен филинг

Удобност, топлост и хармоничност во воздухот за домашен филинг

АНАЛИЗА И ПЛАН

Анализирајте го просторот кој ви е на располагање, внимателно разгледајте и забележете сé она што ви делува и изгледа позитивно и сé она што е негативно во вашите очи. Направете листа од оние области кои сакате да ги нагласите и реони кои сакате да ги минимализирате или сосема да ги отстранете. Анализирањето на просторот ќе ви даде план и скица да продолжите понатаму во создавањето на свој личен простор. Визуелизирајте како може да изгледа и држете се до таа слика во уредувањето. Отстранете го непотребното и тоа што е туѓо за вашиот вкус. Планирајте ваш простор со ваши лични нешта.

Интелигентен и комфорен домашен простор во современ стил

Интелигентен и комфорен домашен простор во современ стил

БУЏЕТ

Пред реализирање на секој план кој е зависен од финансиски средства, одредете колкав буџет имате на располагање. Лесно е да си создадете идеална слика во вашата глава како би сакале да изгледа просторот, а потоа да завршите со разочарување заради немање доволно средства за остварување на замислата, која е над лимитот на вашиот достапен буџет. Ако поседувате мал и ограничен буџет, набавете само неколку клучни и ситни елементи, кои ви се навистина неопходни и кои ќе ја отсликуваат вашата личност и ќе создадат удобен филинг во вашиот секојдневен престој во домот. Доколку имате стари парчиња мебел од вашиот претходен дом, а сте емотивно врзани со нив и ве прават да се чувствувате убаво и комфорно, не двоумете се и поставете ги слободно. Килимите, декорот на прозорците, креветите и др. елементи, се нешта кои навистина може да чинат релативно малку пари, а да додадат топлина, боја и чувство на просторот за миг. Доколку имате поголем буџет на располагање, дозволете си неколку основни елементи мебел кои ќе ви го разубават и освежат престојот во домот, а истовремено функционално секојдневно ќе ги користите. Седечките елементи и трпезариската и кафе масата, се важни за прифаќање на гости и заедничко дружење со состанарите, кои ако ги имате, вклучете ги во планирањето и реализирајте ја идеата заедно, со заедничко снесување на сметките за нештата кои заемно ќе ги користите.

Модерно, иновативно и интересно домашно катче во сопствен стил

Модерно, иновативно и интересно домашно катче во сопствен стил

ОБОЈУВАЊЕ

Најчесто издавачот на станот дава одобрување за обојување на ѕидовите според ваша желба, бидејќи со тоа не ја нарушувате структурата на градбата. Обојувањето е најлесниот, најефтиниот и најбрзиот начин да го промените расположението и декорот на просторот. Бидете креативни во координирањето на боите низ просторот и задржете се на една палета од изборни бои кои шематски се повторуваат низ целиот простор на домот. Доколку го делите домот со други лица, тогаш можеби најдобрата варијанта е секој да ја обои својата соба по сопствен вкус и желба, а заедничкото катче да биде заедничка креација. За помали станови, користете посветли бои и нијанси, особено ако има мал број на прозорци. Доколку пак не ви е одобрено обојувањето на ѕидовите од страна на издавачот, размислете за употреба на најразлични висечки ткаенини, материјали и друг украсен декор достапен на пазарот, како и разделувачи на просторот, кои ги има во најразлични изведби, од најразличен материјал, во разни дизајни и бои.

Неколку основни елементи сочинуваат заедничко катче со домашен допир

Неколку основни елементи сочинуваат заедничко катче со домашен допир

ПЕРСОНАЛЕН ТАЧ

За да го постегнете финалното и целосното чувство на тоа да се биде дома, внесете свои лични и персонални предмети во просторот. Тука можностите се неограничени и зависат само од вашиот личен вкус и карактер. Поставете слики, фотографии, спомен-таблоа, полици за ваши омилени книги, најразлични декоративни предмети од значење, ЦД-држачи за вашата музичка и филмска колекција и др.  Внесете предмети од последниот дом во кој што сте живееле удобно и среќно, така нема никогаш да погрешите.

Целосно индивидуализиран, личен домашен простор

Целосно индивидуализиран, личен домашен простор