Источната култура, посебно азиската, во својата основа вклучува урамнотежување на спротивностите во сите аспекти на животот. Овој дизајн е веднаш препознатлив со своите карактеристични елементи, кои се провлекуваат во текот на внатрешното уредување на домот. Од големо значење е балансирањето на спротивните сили на Јинг и Јанг, преку создавање контрасти на темно и светло, цврсто и меко, грубо и нежно.

Азискиот внатрешен дизајн е стилски и високо класен начин на декорирање. За реализирање на овој стил постојат различни начини. Наједноставно уредување е тоа со внесување на одредени елементи од овој стил во домот. Во подем е современиот азиски декоративен стил кој е спој на модерниот ентериерен дизајн и елементарниот азиски рустикален стил.

Овој стил грубо може да го поделиме на јапонски и кинески внатрешен дизајн. Секој од нив се одликува со свои одредени карактеристики по кои се препознава. Една основна особина за двата стила е поставување на фокусот врз еден објект од собата.

Современ азиски стил на внатрешно уредување во домот

Современ азиски стил на внатрешно уредување во домот

Кинески дизајн на уредување одржан во стариот народен дух

Кинески дизајн на уредување одржан во стариот народен дух

ЈАПОНСКИ ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН

            Јапонското ентериерно уредување во основа се заснова на едноставна позадина исполнета со употреба на неутрални и природни бои. Овие бои се користат со цел да го намалат чувството на збиеност и натрупаност на просторот, поддржувајќи ја јапонската филозофија на едноставноста во уредувањето.

Јапонски внатрешен дизајн со експлицитни декоративни елементи

Јапонски внатрешен дизајн со експлицитни декоративни елементи

Класичен јапонски дизајн на дневна соба

Класичен јапонски дизајн на дневна соба

ЈАПОНСКИ ДЕКОР И МЕБЕЛ

            Јапонскиот внатрешен дизајн се изразува преку еден единствен удар на боја или преку некоја доминантна текстура. Боја која се користи за давање на дефиниција и форма на нештата во просторот е црната. Кога станува збор за материјали, најчесто се користат кедарот, оризовата хартија, јаворот, бамбусот, каменот и разни видови на ткаенини. Уметничките декоративни изработки се состојат од ламби од оризова хартија, фонтани и минималистички слики од водопади, гејши, азиски пејсажи и слично.

Овој вид на уредување често вклучува приложување на предмети во камари. Тоа се отвори или вдлабнувања во ѕидот, какви што се среќаваат и во македонското народно поднебје. Сместувањето на еднаков број на предмети во овие камари, симболизираат дисциплина.

Едноставност и чисти линии во просторот на јапонското уредување

Едноставност и чисти линии во просторот на јапонското уредување

Мебелот во јапонското внатрешно уредување тендира кон минимализам и мултифункционалност. Тој се состои од повеќе различни елементи, од кои ќе обрнеме внимание на неколку.

Футоните се елементи на мебелот кои се користат за седење и спиење. Од нив постојат најразлични нови и современи изведби.

Футон - азиски лежечки елемент

Футон – азиски лежечки елемент

Јапонските Шоји паравани се едни од најпопуларните елементи во азискиот внатрешен дизајн. Направени се од дрвени рамки со решеткаст дизајн, во кој се сместени исечоци – плочи од оризова хартија. Некои се едноставни, а некои имаат прекрасни и сложени дизајни. Шоји параваните се користат како разделувачи на просторот во големите и како акцентирачки елементи во помалите соби, како декорација.

Шоји паравани во еден сплет на модерното и класичното азиско творештво

Шоји паравани во еден сплет на модерното и класичното азиско творештво

Тансуата се практични и шармантни јапонски ковчези или регали, кои се конструирани во скалеста, каскадна форма со што ги симболизирираат планините низ Азија. Во нив најчесто се складираат облеки, накит, садови и др.

Тансу скалест регал

Тансу скалест регал

Друг декоративен елемент кој може да се додаде во јапонски инспирираната соба е Котатсу масата. Ова е правоаголна маса во темен финиш и чисти линии. Поголемиот прој имаат затоплувачи-грејачи во средината на работната плоча и во Јапонија се сметаат за емоционален центар на домот.

Котатсу маса како акцентен елемент на собата

Котатсу маса како акцентен елемент на собата

Ткаените сламени просторки со обоени рабови се популарни подни покривки во азиските ентериери. Овие просторки се викаат Гоза простирки. Во Јапонијаистите се користат за одење врз нив, седење и спиење. Имаат два одделни слоја. Едниот е сламен центар, а другиот е мекиот надворешен раб, обвиен во платно. Се користат и како покривачи на клупи.

Гоза подна покривка од ткаена слама

Гоза подна покривка од ткаена слама

Друг класичен елемент на азиското внатрешно уредување е гонгот. Има неколку различни видови на гонгови и оној кој ќе го одберете, треба да е во размер со големината на вашата соба. Постојат класични гонгови, гонгови со дезени, такви кои се поставени на стоечка сталажа или пак такви кои висат на ѕидот или од таванот.

Змевски гонг

Змевски гонг

Употребата на јапонската и кинеската калиграфија е класичен и елегантен начин за декорирање на ѕидовите во една азиска тема. Може да се набават во готова форма или да си создадете свои апликации.

КИНЕСКИ ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН

            Многу важен сегмент на кинескиот ентериерен дизајн е симболиката на боите. Црната боја ја репрезентира жената – јин и означува подмладување. Црвената го репрезентира мажот – јанг и симболизира добра среќа.

Други бои кои најчесто се среќаваат во кинескиот дизајн се зелената која ја поврзуваат со исхраната, белата – асоцира на бесмртноста и жолтата ја поврзуваат со земјата.

Најчесто асоциран со Кина е отворено обоен и тешко орнаментирани стил, потекнува од Чин династијата. Овој стил користи богати, вибрирачки бои, базирани врз црвена и жолта, златна, тиркизна, црна и светло зелена боја.

Денес повторно се оживува постариот стил на Минг ерата. Минг стилот е карактеризиран со едноставноста и воздржливоста. Дизајнот е чист, едноставен и прецизно симетричен. Овој стил ги користи боите црвена, бела и црна.

Класичен кинески дизајн на дневна соба

Класичен кинески дизајн на дневна соба

КИНЕСКИ ДЕКОР И МЕБЕЛ

            Традиционалните кинески соби се поделени со решеткасти рамки кои обезбедуваат приватност, додека истовремено дозволуваат дифузното осветлување да поминува низ нив. Декорот често вклучува едноставни растителни аранжмани, слики, кинески латерни и бамбусови и свилени ролни. Вообичаените елементи кои се среќаваат во кинескиот дизајн вклучуваат темно дрво, камен или дрвени подови и полиран метал и лак.

Квалитет над квантитет е филозофијата која стои зад кинескиот домашен мебел. Еден единствен прекрасен предмет внимателно поставен е повеќе посакуван отколку поголем број на вообичаени предмети. Мебелот е најчесто правен од темно дрво со кабинети и сандаци, кои се мошне важни. Повеќето предмети се обложени со слонова коска, сребро, злато, бисер, жаде.

Модерен минималистички дизајн во кинески стил

Модерен минималистички дизајн во кинески стил