Покрај мноштвото декоративни и воедно функционални елементи на внатрешното уредување, се наоѓаат и разните видови на ролетни и затемнувачи. Тие се важен декоративен елемент за давање на завршниот допир во секој дом или било кое друго место. Во оваа тема ќе се задржеме на ентериерните ролетни и затемнувачи, водејќи се од внатрешното уредување на домот.

Вистинскиот избор на ролетни или затемнувачи за прозорците не е лесна задача, затоа што во денешницата ги има во голем број на варијации. Постојат многубројни индивидуални типови на ролетни, од кои секако дека постои некој за сечиј вкус. Без разлика дали одново градите или ремоделирате или пак сакате само да го освежите изгледот на просторот, ролетните се извонредни сегменти со кои се нуди можноста за внесување на стил, приватност, декор во сечиј дом. Тие ја поседуваат способноста да го комплетираат дизајнот на секоја соба, дом, работен простор.

Хоризонтални алуминиумски ролетни со широки летви

Хоризонтални алуминиумски ролетни со широки летви

Бидејќи ги има во најразлични изведби, видови, типови, бои и материјали, донесувањето одлука за избор на ролетни во основа потребно е да се направи внимателно и грижливо. Прво нешто од кое треба да се тргне е разгледување и проценување на прозорецот кој сакате да го покриете. Потребно е да ја дознаете неговата функција, пред да изберете некој вид на ролетна. Системот на прозорецот треба да соодветствува со оперативниот систем на ролетната или затемнувачот. Потоа информирајте се за видовите на ролетни и затемнувачи достапни на вашиот пазар. Во склоп и соодветност со дизајнот и стилот на собата, донесете одлука за избор. Не заборавајте да побарате совет од стручните лица, кои детално треба да ви ги објаснат сите подробни детали, оперативни и ракувачки системи, негативни и позитивни карактеристики за секој вид на ролетна или затемнувач, што секако ќе ви биде од голема помош.

 

ОСНОВНИ ВИДОВИ

Хоризонтални ролетни – Најчесто среќаваните ролетни се летвените ролетни кои се состојат од многубројни хоризонтални летви, обично направени од метал, винил или дрво, поврзани со врвка/жица на начин кој овозможува ротирање на истите за да се овозможи светлината да поминува меѓу нив, да се ротираат за да не поминува светлина и да се креваат и спуштаат според желба и потреба.

Вертикални ролетни – Во основа користат пошироки летви и ја поседуваат дополнителната особина да бидат способни за повлекување на една врвка за подредување на летвите на едно место заедно или на една страна или да се издвојат во средината. Дозволуваат ротирање на летвите преку ротирачка осовина. За разлика од хоризонталните, овие се помалку подложни на оштетување од силни ветрови и помалку држат прашина, но полесно се кршат. Во основа полесни се за ракување и одржување. Најчесто се среќаваат во бизнис простори, ходници и сл., направени од дебела пластика или ткаенини.

Вертикални ролетни од ткаенина

Вертикални ролетни од ткаенина

Целосни ролетни – може само да се креваат или спуштаат и се нарекуваат уште и затемнувачи. Тие се видови на ролетни кои исто така ги има во различни типови, такви кои се ткаени од дрво, направени од најразлични ткаенини и материјали, со или без дупки и сл.

Во основните видови на ролетни и затемнувачи има повеќе типови на различни изведби според големина, материјал на изработка, оперативни системи, бои, дезени итн. Секој од нив има сопствени особини, како функционални така и декоративни.

 

ТИПОВИ НА РОЛЕТНИ И ЗАТЕМНУВАЧИ

Ролетни од дрвена изведба во склад со стилскиот дизајн на мебелот

Ролетни од дрвена изведба во склад со стилскиот дизајн на мебелот

ДРВЕНИ РОЛЕТНИ – Нудат топол и гостопримлив изглед на секој декор. Богато обоени или лакирани, дрвените ролетни се модерните алтернативи за поранешните капаци на прозорците. Во најново време модерни се дрвените ролетни со популарната безјамска опција, за сосема да ја запре свитлината да навлегува во домот. Некои дрвени ролетни доаѓаат со опцијата за моторизација или кревање без ленти/врвки, со што се обезбедува уште поголема сигурност при ракувањето со нив. Дрвените ролетни можат да бидат најразлични во изведбата, од венецијанки до вообичаено тргачки.

 

РОЛЕТНИ ОД ЛАЖНО ДРВО – Хоризонталните ролетни од лажно дрво се добар избор на две полиња. Го имаат изгледот на луксузните реално дрвени ролетни, но со помала цена на чинење. Бидејќи се направени од синтетички материјал исто така нудат лесно одржување и чистење. Не треба да се грижите за напукнување или расцепување на дрвото заради влага и вода, па затоа идеални се за во капатила, гаражи, детски соби и сл. Достапни се во тврд винил или во комбинација на винил со дрво за поголема цврстина.

 

РОЛЕТНИ ОД ТКАЕНО ДРВО – Затемнувачите од ткаено дрво се вистински избор за секој декор. Ситничаво ткаени за најразлични степени на светлосно проникнување и филтрација, постои избор од полн асортиман на густо до лесно ткаено дрво. Се креваат или спуштаат со лесно и глатко движење. Уште се нарекуваат и бамбусови затемнувачи. Богати се во карактер, природно ткаените дрвени затемнувачи во комбинација со чисти линии и тексури, се од голем интерес кај дизајнерските финиши. Ефектот е топла, поканувачка и природна покривка за прозорец.

Венецијански ролетни со електричен оперативен систем на управување

Венецијански ролетни со електричен оперативен систем на управување

ВЕНЕЦИЈАНКИ – Имаат хоризонтални летви кои се поставени една врз друга, направени од метал или пластика, понекогаш од дрво или бамбус. Кај нас обично венецијанските ролетни се асоцираат со алуминиумските ролетни.

 

АЛУМИНИУМСКИ РОЛЕТНИ – Алуминиумските ролетни нудат мазен, елегантен изглед. Тие се добар избор кога постои потребата за издржливост и трајност. Ги има во различни големини, боја, дебелина и сл.

 

ЌЕЛИСКИ РОЛЕТНИ – Ќелиските ролетни уште се познати како шупликасти. Гледани од страна имаат изглед на шупликаста пчелина пита. Ги има во изведба на светлосно филтерски ткаенини и ткаенини за затемнување на просторот. Ги има во неколку конфигурациски системи, стандардни, од горе кон долу, од долу кон горе и др. Спаѓаат меѓу најпопуларните покривачи за прозори, со нивниот свеж, чист стил и многустраност. Меките, а сепак истрајни затемнувачи се достапни во едно, дво и трослојни шупликави изведби за поголема енергетска ефикасност. Кога се кренати тиа се компактни, за чист видик. Може да се моторизираат, без врвка или да вклучуваат специјални кревачки опции.

 

НАБОРНИ ЗАТЕМНУВАЧИ – Нудат атрактивна комбинација на висока мода, добра вредност, лесна инсталација и убедливо лесно управување. Едноставно стилизирани и дизајнирани, наборните затемнувачи се економични. Изберете меѓу широк асортиман на текстилни материјали и ткаенини. Тука спаѓаат римските ролетни.

Римски ролетни за покривање на масивни прозорци

Римски ролетни за покривање на масивни прозорци

РИМСКИ РОЛЕТНИ – Овие ролетни исто така се направени од ткаенина и се свиткуваат од долу во меки набори, нудејќи атрактивен брановиден изглед. Кога римските ролетни се спуштени, тогаш лежат рамно, без набори. Римските ролетни го доловуваат изгледот на скапоцени затемнувачи за работна соба за цена која пријатно изненадува. Овие кроечки и мазни затемнувачи се направени од фин драперски материјал, но нивниот супериорен управувачки и контролен систем ги прават многу полесни за инсталирање и ракување. Римските затемнувачи понекогаш нарекувани уште и римски ролетни, се убав и популарен декоративен и стилски елемент на денешницата, вклучувајќи голем избор на бои и текстури. Ги има во најразлични изведби и оперативни системи.

 

БАМБУСОВИ РОЛЕТНИ – Убави и популарни, водени со самиот тренд кон зеленото и природното. Бидејќи бамбусот е брзо растечко растение и материјал кој го има во големи количини, често се користат, а истовремено е и лесен за одржување, со добар изглед. На просторот му даваат топол изглед и лесни се за чистење.

Бамбусови ролетни за природен и топол изглед на просторот

Бамбусови ролетни за природен и топол изглед на просторот

ЛИЗГАЧКИ ПАНЕЛ РОЛЕТНИ – Одличен избор се за француските прозорци или големи прозорци и врати. Овие вообичаено се прават од ткаенини, со што постои голем асортиман за избор, од боја, мотиви, дезени и сл. Овие панелни ленти исто така се идеални за лизгачки врати или може да се искористат како разделувачи на просторот. Богати се во карактер и ја носат природната убавина на дрвото од вашиот мебел до покривките на прозорците.

Лизгачки панел ролетни со богат дизајн на бои и текстури

Лизгачки панел ролетни со богат дизајн на бои и текстури

Провидни ролетни – Се користат кога се сака да се постигне лесен изглед на собата (доколку приватноста не е на прво место). Може да создадете дури и разделувачи на просторот со помош на овие ролетни.

Провидни ролетни со електричен управувачки систем

Провидни ролетни со електричен управувачки систем

КОЖНИ РОЛЕТНИ – Со кои можете да се искажете без да изговорите ниту еден збор. На секој прозорец му даваат уникатен и екстравагантен изглед. Одличен избор за домашни канцеларии, библиотеки или секоја ретро стилска соба.

 

ДИФУЗНО-СТАКЛЕНИ АКРИЛНИ РОЛЕТНИ – Создаваат возбудлив визуелен ефект со комбинација на изгледот од изрезбани стакла со убавината на природната светлина. Направени се од акрилик кој ја заштитува вашата приватност, додека ја пропушта природната светлина.

 

РОЛЕР И СОЛАР ЗАТЕМНУВАЧИ – Класичен ролер како затемнувач е понекогаш она што ви треба во собата. Ролер затемнувачите за соби се едноставни, ефективни и економични. Најчесто го блокираат целото осветлување од надвор. Достапни се во повеќе варијанти како филтери на светлоста или помрачувачи на собата. Се користат самостојни или со одредени прозорски додатоци. Соларните затемнувачи обезбедуваат извонредна заштита од сонцето додека го зачувуваат видикот. Често се нарекуваат очила за сонце на прозорците. Заштитуваат од сонцето на 4 начини: го штитат мебелот од УВ зраците, редуцираат блесок, ја расејуваат светлината и помагаат во контролата на топлината.

Ролер ролетна од провиден материјал со соларно затемнување

Ролер ролетна од провиден материјал со соларно затемнување

Ролетните кои ќе ги изберете за вашиот дом, треба да се доволно многустрани, да ја пропуштаат светлината кога ќе ви биде потребна, а истовремено да ја задржуваат приватноста. Да се лесни за одржување, да бидат истрајни, да нудат добра изолација на прозорецот и да придонесат во заокружување на целокупниот изглед на просторниот дизајн.