Ентериерниот дизајн во денешницата е важна тема за која се дискутира и на која се работи во секоја сфера од општествените домени. Било да се работи за дизајн на дом, на работни простории, на канцеларии, маркети, стоковни куќи, модни студиа и каде ли уште не. Кога станува збор за внатрешното уредување на домовите, во последно време трендовите се движат во ентериерно уредување на домовите според личниот профил, потреби и барања, во склоп со одреден стил кој одговара на карактерот и вкусот на сопственикот.

 

Ултрамодерен дизајн на соба за чекање

Ултрамодерен дизајн на соба за чекање

Концептот на модерниот ентериерен дизајн бара креативни и технички идеи внесени во визионерски структури и евентуална влеаност во физичкиот аспект на дизајнот. За еден дизајн да биде добар, тој со себе освен креативност, декоративност, убавина и современост, треба да носи и функционалност.

Повеќето современи ентериерни дизајни ја поседуваат особината на отворени и светли бои, добро осветлени и просторни соби и  идеата за максимално извлекување на потенцијалот од просторот. Тоа значи континуираност, јасност и чисти линии на просторот. Во еден таков простор преовладува минималистичкиот, индустријалниот и арт деко стилот. Но, ова не значи дека не се дозволени комбинации на два стила во еден. Сепак тие два стила треба да се доведат во спој на слевање и точка на спојување, со цел да не се наруши идеата и дизајнот на просторот. Така на пример во последно време актуелна е кохезијата на модерниот минималистички стил со азијатскиот традиционален стил на уредување. Оваа комбинација нуди спој на традиционалното и мистичното со современото. Основата е современа, а декорот е изведен од модели на традиционалните елементи на уредување.

Спој на модерното и традиционалното во урбан стил

Спој на модерното и традиционалното во урбан стил

Во одредена точка, идеата за ентериерно декорирање е поврзана и со ентериерниот дизајн, кој последно време е повеќе концентриран на дизајнот на структурата.

Слеаност на ентериерниот дизајн со ентериерниот декор

Слеаност на ентериерниот дизајн со ентериерниот декор

БОЈА – Модерниот ентериерен дизајн пресретнува бројни кодови на бои. Во зависност од темата, може да се мешаат разни нијанси за добивање на посакуваниот изглед.

МЕБЕЛ – Изборот на правилната големина и бројноста на мебелот е битно. Намалете го бројот на елементите од мебелот на избор кој е современ, кој задоволува и истовремено е функционален и декоративен.

ОСВЕТЛУВАЊЕ – Модерниот ентериерен дизајн се концентрира врз компактно флуоресцентно светло кое е додадено и монтирано на ѕидовите и таванот, со што додава елегантен изглед на просторот.

ПРЕМИНИ/ПАРАВАНИ – Типичниот дом е одделен на одредени финкционални простори како кујна, спална, дневна соба итн. Со цел да се максимализира просторот, употребата на лизгачки врати, плакари и паравани е неминовна.

Методот во создавањето на еден модерен ентериерен дизајн е базиран врз архитектурата, дизајнот и декорацијата на просторот. Кога овие три елементи се запазени и олицетворени во едно тројно заедништво, резултатот е модерен ентериерен дизајн со прекрасен изглед.

Ентериерен дизајн следен од архитектурата на просторот, споени со помош на современо внатрешно декорирање

Ентериерен дизајн следен од архитектурата на просторот, споени со помош на современо внатрешно декорирање