Од секоја спална соба, било да е голема или со мали димензии, секогаш извлечете најмногу што можете од неа. Без разлика за која ситуација станува збор, со умното планирање од секој простор можете да создадете максимално добар дизајн на спална соба. Посебно внимание треба да се посвети кога се работи за мал простор во кој сакате да го сместите барем она најосновното, за да се чувствувате удобно во него.

Малите спални соби често изгледаат натрупано, бидејќи недостига поден, како и складирачки простор. Спалните соби треба да се удобни и релаксирачки, сепак самиот мебел ги прави натрупани кога не е соодветно избран. Но и спалните соби може да изгледаат средено, просторно, со помош на осветлувањето, плакари, огледала итн.

Мало но удобно место за одмор и релаксирање

Мало но удобно место за одмор и релаксирање

ЅИДОВИ

            Бојата со која ќе ги обоите ѕидовите е од основно и големо значење за добивање на просторност во собата. За мали спални соби секогаш избирајте стимулирачки и светли бои. Користете ги белата и кремовата боја како основни бои. Тие визуелно ќе го зголемат расположливиот простор. Ако сакате да додадете некој акцент со појака боја, направете го тоа, но врз помала површина од ѕидот. Предноста во користењето на светлите бои се состои во нивната способност да ги рефлектираат светлосните зраци кои паѓаат, врз потемните делови од просторот. Во случај на мала соба за оваа намена, не се препорачува користење на повеќе од една боја за ѕидовите како и таванот, а истотот важи и за прозорците и вратите, кои идеално треба да се одржани во иста боја.

Футон кревет за повеќе простор во собата

Футон кревет за повеќе простор во собата

 

КРЕВЕТ

            Креветите на преклопување се чести алтернативи за мали спални соби. Ги има во повеќе видови, а најмногу простор заштедуваат оние кои се креваат и со еден зафат се складираат потполно во ѕидот, оставајќи го под и околу себе целиот поден простор слободен.

Кревет и работна маса во едно, иновативно и декоративно заштедување на простор

Кревет и работна маса во едно, иновативно и декоративно заштедување на простор

Кревет и работна маса во едно, иновативно и декоративно заштедување на простор

Доколку не сакате секојдневно да се занимавате со спуштање и кревање на креветот, одлучете се за платформен кревет во помала димензија. Тие се ниски кревети кои најчесто се сосема спуштени врз подот, со што над нив се ослободува повеќе простор. Или пак одлучете се за футон кревети, кои изгледаат како софа кога не се користат за спиење, а кога се користат за тоа може да се продолжат во вистински кревет. Доколку се работи за детска соба, за две деца, поставете катен кревет. Размислете исто така и за кревет кој под себе содржи дополнителен складирачки простор. Тоа е најочигледниот начин за создавање на простор во спалната, со искористување на просторот под неа. Наместо платформски или пиедестален кревет, употребете кревет кој под него има фиоки за извлекување. Во нив можете да складирате постелнина, перници, покривки и други предмети кои одземаат многу место, а се користат во спалната соба. Некои кревети имаат фиоки на влечење, додека пак други имаат подигнувачки механизам.

Платформски кревет за визуелно висинско зголемување на просторот

Платформски кревет за визуелно висинско зголемување на просторот

СКЛАДИРАЧКО МЕСТО

            За малите спални соби оваа тема е многу важна. Одговорот е креветното складирање. Тоа може да биде функционално монтирано под самиот кревет и она дополнителното складирање со помош на шкафовите и кабинетите кои одат заедно со спиечкиот кревет. Бидејќи овие шкафови и нивните фиоки стандардно се со помали димензии, секако дека нема да се доволни за складирање. Заради тоа размислете и за поставување на следните елементи во спалната соба.

Детска спална соба со функционална искористеност на просторот

Детска спална соба со функционална искористеност на просторот

ПЛАКАР/РЕГАЛ

            За складирањето на облеката идеални се плакарите, кои најдобро е кога се провлекуваат по целата должина на висината од собата. Уште подобро е кога плакарот е монтиран во ѕидот. Со тоа имате голем простор за складирање и тоа на повеќе катови и нивоа. Регалот исто така треба да е повисок и во ширина помал. Во основа мебелот, било за кој елемент да се работи, не треба да е крупен и масивен, кога се работи за мала спална соба.

Огледален плакар и регал во едно, за дополнително зголемување на просторот

Огледален плакар и регал во едно, за дополнително зголемување на просторот

Размислете и за креирање на свое уникатно парче мебел, во кое ќе бидат имплементирани повеќе функционални единици, како на пример регал со дополнителна ноќна маса/шминкерка на средината, плакар чија предна страна е покриена со големо огледало и сл.

Уникатна спална соба со максимално искористување на ѕидниот простор

Уникатна спална соба со максимално искористување на ѕидниот простор

ТЕЛЕВИЗОР

            Големите и масивни телевизори секакок дека одземаат простор. Ако сте љубител на гледањето тв во спалната соба, поставете тв со рамен екран кој може да се монтира врз ѕидот.

ОГЛЕДАЛА

            Декоративните огледала поставени на ѕид исто така создаваат илузија на просторност. Поставете на плакарот, регалот, на ѕидот, па дури и на таванот ако не ви пречи тоа. Поставувањето на огледала спротивно од извори на светлината, ќе обезбеди повеќе светлина во собата, а со тоа и просторност.

Декоративни огледала за рефлективно зголемување на реалниот изглед

Декоративни огледала за рефлективно зголемување на реалниот изглед

ОСВЕТЛУВАЊЕ

            Малите спални соби треба да имаат меко и нежно светло. Поставувањето на светла во близина на креветот, на просторот му дава поголема појава. Може да се послужите и со затемнувачи на одредени места. Избегнувајте самостоечки ламби. Наместо нив, користете монтирачки светла. Вертикални светла кои се монтирани на таванот се исто така добар избор, со што се заштедува просторот од долниот дел на собата, а се исполнува горниот, кој најчесто стои празен. Амбиенталните, акцентирачките и флуоресцентните светла се идеални за мали спални соби. Големите прозорци или врати и поголемото количество природна светлина во собата, исто така може да создадат илузија на просторност.

Видови вештачки осветлувања на мала спална соба

Видови вештачки осветлувања на мала спална соба

ДЕКОРАТИВНИ ПРЕДМЕТИ

            Постојат мноштво на предмети кои истовремено служат за декорирање и за функционално искористување на просторот. Така на пример искористете тапета со хоризонтални мотиви. Околу креветот или шкафовите поставете дамаск драпери со вшиени џебови за складирање. Искористете го просторот над некој елемент и поставете некој декоративен и воедно складирачки елемент, ги има најразновидни на пазарот и од различни материјали и дизајни.

Аголно поставување на кревет во мала спална соба

Аголно поставување на кревет во мала спална соба

Аранжирајте го мебелот во собата на агли, што не е секогаш можно, но со мали парчиња мебел секако дека е. Ова се прави со цел да се одвлечат визуелните линии од ѕидовите. Набавете мебел со танки рамки, за мал волумент, но со поголема висинска платформа. И не заборавајте дека светло обоениот мебел поставен во светло обоена соба, придонесува за визуелно поголем простор.